Адвокатот на Катица Јанева: Изјавата на Рускоска е недолична


Фото: Б. Грданоски

Адвокатот на Катица Јанева, Дељо Кадиев, е затекнат од изјавата на обвинителката Вилма Рускоска која најави финансиска истрага на судиите од Апелација.
-Недолична е изјавата на шефицата на Обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција. И обвинителството е странка во постапката, како и ние бранителите, па затоа не треба да ја коментира судската одлука на овој начин. Зарем за сите досегашни решенија со кои се удоволуваше на обвинителството и притворот се продолжуваше, ние да велиме дека биле криминални одлуки, вели адвокатот Кадиев за „Фокус“.
Според него, Јанева се држела во притвор по секоја цена, иако тоа нанело штета на истрагата.
Таа вчера беше спроведена во домашен притвот, криејќи го лицето со качулка.