Адвокатот кој го бранеше Ѓоковиќ во Австралија во финалето на Евровизија: Ги трогна сите со својот настап (видео)


Даниел Естрин се пласираше во финалето на Евровизија, а заедно со групата „Војаџер“ ќе ги брани боите на Австралија на 13 мај во Ливерпул.

Но, тамошната јавност го запозна Естрин, кој по професија е правник, во моментите кога српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ беше затворен во имигрантски камп во Австралија.

Даниел зборуваше за позицијата на Ѓоковиќ како гостин во Би-Би-Си и нагласи дека Новак го има случајот во свои раце.

„Тврдењето на адвокатите на Ѓоковиќ е поддржано и тие имаат добри изгледи во судот, односно дека судот ќе утврди грешка во надлежноста. Тоа значи дека е направена правна грешка, дека одлуката за одземање на визата е ништовна и дека на Ѓоковиќ ќе му биде вратена првобитната виза“, рече Даниел, а беше на мислење дека Новак нема да се појави пред судот како сведок на она што се случило.

Потсетуваме дека земјите кои ќе настапат во финалето на Евровизија на 13 мај се: Хрватска, Молдавија, Швајцарија, Финска, Чешка, Израел, Португалија, Шведска, Србија и Норвешка, Албанија, Кипар, Естонија, Белгија, Австрија, Литванија, Полска, Австралија, Ерменија и Словенија. Останува да видиме кој ќе триумфира во престижното европско натпреварување.