Адвокатката на Џони Деп унапредена по победата на судењето против Амбер Херд


САД- Адвокатката на Џони Деп, Камил Васкез, е унапредена во партнер во нејзината адвокатска канцеларија, Браун Рудник.

Во времето на судењето на Деп за клевета против неговата поранешна сопруга Амбер Херд, Васкез беше само соработник во практиката на судски спорови и арбитража. Таа стана онлајн сензација по нејзиното упорно испрашување на актерката за време на судењето во Ферфакс, Вирџинија.

Членовите на поротата одлучија дека Деп треба да добие отштета од 10,35 милиони долари, додека Херд треба да добие 2 милиони долари.

„Среќни сме што ја поздравуваме Камил во партнерството“, рече Вилијам Балдига, претседател и извршен директор на Браун Рудник во соопштението за печатот на 7 јуни. „Историски гледано, оваа објава ја резервиравме за крајот на нашата фискална година. Но, перформансите на Камил во текот на судењето на Џони Деп му докажа на светот дека таа е подготвена да го направи следниот чекор сега“.
Васкез има повеќе од 10 години искуство како судски адвокат и има работено на случаи како спорови со договори, случаи на клевета, барања поврзани со вработување и спорови со високи влогови.

„Ние сме неверојатно горди на неа и со нетрпение очекуваме што ќе постигне како наш најнов партнер“, додаде Балдига.

37-годишната адвокатка е дипломирана на Southwestern Law School и со диплома на Универзитетот во Јужна Калифорнија во 2006 година.
Со кубански и колумбијски корени, таа ги застапувала актерите од холивудската  А-листа како што се Леонардо ди Каприо, Џенифер Лопез и Бен Афлек, меѓу другите.

По прославата со солзи од страна на Васкез и нејзиниот тим по пресудата на поротата, Васкез му се придружи на својот колега адвокат Бен Чу надвор од судницата за да даде изјава. И двајцата неодамна се појавија во емисијата „Тудеј“ за да разговараат за судењето.

„Денешната пресуда го потврдува она што го кажавме од почетокот: дека тврдењата против Џони Деп се клеветнички и не се поткрепени со какви било докази“, рече Васкез. „Ние сме благодарни – толку благодарни – на поротата за нивното внимателно размислување, на судијата и на судскиот персонал кој посвети огромно време и ресурси за овој случај“.