Адутот на Ванковска бил што таа била сама против шестмина


Фото: Б. Грданоски

 

Сама против шестминa, со овој адут професорката Билјана Ванковска настапува на Претседателските избори, истакна таа денеска од Штип, каде што на неколку локации во градот има средби со граѓаните. Таа порача дека првиот чекор кој ќе го направи е раскинување на Договорот за добрососедство со Република Бугарија. Таа вели дека граѓаните не ги боли само сиромаштијата, туку и националното.

„Адутот на Билјана Ванковска е во тоа што ќе биде сама против шестмина. Она што се состои во мојата програма нема да ги најдете кај ниту еден друг кандидат, така што одиме не само да бидеме интересни или оргинални, туку затоа што сметаме дека одење по една патека која не води никаде освен во бездна бара конечно радикално решение, прекин на досегашните политики и практики. Може да звучи премногу за граѓаните, но моето мислење е сега или никогаш“, рече Ванковска.

Пратеникот Борислав Крмов рече дека Ванковска е единствениот кандидат кој го нарушува статус-квото. Дециден е дека тие носат нешто ново во државата, а според него црната кампања е веќе започната.