„Адора“ на Чифлиганец стана најголем акционер на Комерцијална банка


Градежната компанија „Адора инженеринг“ во сопственост на Ванчо Чифлиганец кон крајот на минатата недела купи над 15.000 акции во Комерцијална банка за износ од 1,4 милион евра, со што сега поседува 10,76 отсто од гласачките права.

Компанијата ги откупи овие 15.191 акција на пазарна берзанска цена од 5.650 денари за акција, стои во соопштението на Комерцијална банка, доставено до Македонска берза.

„Адора“ е најголем поединечен акционер во оваа банка и, според Централниот депозитар за хартии од вредност, претставува единствен субјект што поседува над 5 проценти од акциите во друштвото.