Администрацијата во Хрватска од 1 декември ќе работи од дома


Државните и јавните службеници во Хрватска од 1 декември ќе работат од дома.

Како што неофицијално дознава порталот Индекс.хр, таквата одлука била договорена со цел да се запре ширењето на коронавирусот во службените простории.

За оваа мерка да стапи на сила, министерот за правда и администрација мора да подготви формално решение, што треба да се донесе во следните 10 дена.