„Адидас“ бара решение за „Рибок“


Германскиот производител на спортска облека „Адидас“ во понеделникот објави дека започнал со проценка на стратешките алтернативи за американскиот бренд „Рибок“ (Reebok).

„Овие стратешки алтернативи вклучуваат потенцијална продажба на ‘Рибок’, како и дека ‘Рибок’ останува дел од компанијата“, соопшти „Адидас“, додавајќи дека одлуката ќе биде објавена на 10 март.

Кон крајот на октомври, меѓу заинтересираните за „Рибок“ беа американскиот производител на облека VF Corp и кинеската Anta Sports, пишува портталот СЕЕбиз.

Германската компанија го купи Бостонски „Рибок“ за 3,8 милијарди долари во 2005 година за време на мандатот на претходникот на Рорстед, Херберт Хајнер, со цел да го нападне американскиот ривал „Најк“ дома.

Сепак, минатата година, „Адидас“ ја отпиша сметководствената вредност на „Рибок“ за речиси половина во споредба со 2018 година, на 842 милиони евра (995 милиони УСД). Продажбата на „Рибок“ падна за 44 проценти во вториот квартал на 2020 година на 228 милиони евра, што значеше дека „Адидас“ мораше да ги сноси трошоците за намалување на вредноста во тој период.