Адеми: Учениците веројатно ќе продолжат да седат дома


Министерот за образование Арбер Адеми, соопшти дека најверојатно учебната година нема да продолжи по завршување на првите одредени 14 дена кога се прекина наставата.

Се уште не е донесена конечна одлука, но со оглед на развојот на ситуацијата, најверојатно учениците ќе продолжат да седат дома.

Адеми, во вклучувањето по седницата на Владата, на ТВ 24, рече дека информиран е дека повеќето наставни програми за сите ученици, вклучително и факултетите се одвива електронски.

Тој апелираше граѓаните да останат дома, да не шетаат децата надвор, за да придонесеме за спречување на ширењето на заразната болест Ковид -19.