Адеми: Не е точно дека Али Ахмети се повлекува


Арбер Адеми од ДУИ

Дезинформација е дека лидерот на ДУИ Али Ахмети  ќе се повлече од политичката сцена по локалните избори, вели потпретседателот на партијата Арбр Адеми.

– Не е точно дека претседателот Али Ахмети ќе се повлече од ДУИ и од политиката, изјавил Адеми за „Слободен печат“, во врска со пишувањата на медиумот на албански јазик „Фол“ дека Ахмети сериозно размислувал да се повлече од активната политика по изборите. 

Kryetari i BDI-së Ali Ahmeti po e mendon seriozisht dhe është pranë vendimit për t’u tërhequr nga politika aktive, publikoi mediumi

Според информациите на медиумот добиени од ДУИ, Ахмети веќе разговарал за оваа одлука со дел од своите најблиски соработници, како и со политички партнери од Албанија и Косово.

Конечната одлука се очекува да биде објавена по завршувањето на вториот круг од локалните избори, со цел да не се влијае врз исходот за кандидатите на партијата, наведува „Фол“.