Адел за новиот албум: Бидете стрпливи, уште сум во карантин


САД- Поп-ѕвездата Адел (32) можеби можеби ја израдува публиката со новата, вита става,  – но таа сè уште нема нов албум за нејзините фанови.

Британската пејачка вчера на социјалните мрежи се пофали со фотографија на која пее во микрофон, што едноставно ја насликала со емотикони.

„Пандемијата на коронавирус  не е завршена. Јас сум уште во карантин. Носете маска и бидете трпеливи “, сподели Адел на социјалните мрежи.

Иако Адел не понуди датуми за  фановите, можеби ќе останат уште неколку месеци да чекаат.

Додека настапуваше на свадбата на нејзината најдобра пријателка во февруари, пејачката се слушна како кажува на публиката „да го очекува мојот албум во септември“.

Минатата година, раперката Ники Минаж, исто така, рече дека во дует  снимиле „епска“ песна и снимиле музичко видео.

„Адел ме натера да се заколнам за тајност дека не дозволувам никому да кажам дека работам со неа“, изјави Минаж во интервјуто за  Entertainment Tonight.

Добитничката на Греми нема објавено нова музика од албумот „25“ во 2015 година, на кој има хитови како “Hello” и “Send My Love (To Your New Lover). Албумот, што беше нејзино трето студиско издание, ѝ донесе пет Греми , вклучувајќи и албум на годината.

Во последните неколку месеци, Адел ужива во можноста да биде повеќе дома  со нејзиниот 7-годишен син Анџело, кого го дели со поранешниот сопруг Симон Конецки.

„Таа му помага на Анџело со училишни работи и готви. Таа многу ужива да биде мајка и што престојува дома во моментов“, изјави извор за „PEOPLE “ минатиот месец.