Адел се ќе и раскаже на Опра за новиот албум


САД- Поп-ѕвездата Адел (33) се врати на голема врата и руши рекорди. Во петокот, таа го објави својот прв сингл по речиси шест години, „Easy on Me“ и ја откри инспирацијата зад нејзините текстови – развод и потрага по среќа.
Во различни интервјуа, Адел навлезе во тоа како нејзиниот развод од Симон Конецки и врската со нивниот син, Анџело, влијаеле на нејзиниот нов албум. Речиси три години по разводот, таа ја кажува својата страна од приказната на нејзиниот син и на сите нас преку нејзината музика.
„Чувствувам дека овој албум е самоуништување, потоа саморефлексија, а потоа и вид на само-откупување“, рече таа за „Вог“. “Но, се чувствувам подготвена. Навистина сакам овој пат луѓето да ја слушнат мојата страна од приказната”.


Фановите ќе добијат поголем увид за нејзиниот претстоен албум „30“ на 14 ноември, неколку дена пред објавувањето, кога премиерата на „Adele One Night Only“ ќе започне на Си -Би -Ес. Двочасовниот специјал ќе содржи концертна изведба на новиот материјал на пејачката, како и интервју со Опра во нејзината легендарна градина со ружи каде претходно ги нагости Хари и Меган.