Адел ги одложи концертите во Лас Вегас заради Ковид


САД– Адел (33), најголемата поп-ѕвезда на денешницата која заработува само од музика и актуелна со новиот албум „30“ го одложи нејзиниот многу очекуван престој во Лас Вегас. Поп-ѕвездата во четвртокот директно им се обрати на обожавателите во емотивно видео, наведувајќи повеќекратни одложувања поврзани со Ковид-19. Веста доаѓа еден ден пред таа да ги започне настапите во познатиот Колосеум во Палатата Цезар, насловени како Weekends with Adele.

15-кратната добитничка на Греми требаше да настапува со две шоуа – секој петок и сабота – до 16 април 2022 година.

Со овој договор, Адел би поставила нов рекорд на најголема заработка на поп-ѕвезда досега за престој во Вегас (таа ќе заработи пет пати повеќе од она што Леди Гага го заработи на Стрип во 2018 година).

„ Половина од мојата екипа, половина од мојот тим се заразени со Ковид , и концертите се ставени под прашање. Многу сум вознемирена и навистина ми е жал“. Ќе ги презакажеме сите датуми, сподели Адел.

12-неделниот престој постави рекорди за продадени билети во претпродажба. Билетите чинеа илјадници долари – некои седишта се нудеа по 30.000 долари – на веб-страниците за препродажба.

Четвртиот студиски албум на Адел 30, објавен во ноември, стана нејзин трет албум бр. 1 на табелата Билборд 200. Дебитираше како најпродаваниот албум во 2021 година. Прославената пејачка му рече на Ролинг Стоун дека не планира блескава турнеја, како што направи за нејзиниот албум 25, поради КовидД-19.

Адел на интимниот концерт во Лос Аџелес, во рамките на интервјуто со Опра за новиот албум

Освен во Лас Вегас, Адел најави настапи и во лондонскиот Хајд Парк во јули, годинава.