АД ЕСМ ги продолжи стипендиите на 29 студенти од четири универзитети


АД ЕСМ го продолжи стипендирањето на 29 студенти од различни години на високото образование од четири државни универзитети, односно од државните универзитети во Скопје, Битола, Штип и во Тетово. Услов за продолжување на стипендирањето е студентите секоја година да го задржат бараниот просек, резултат кој стипендистите редовно го исполнуваат.

Компанијата соопшти дека во изминатите денови дел од студентите веќе ги потпишаа договорите,  извршено согласно со мерките за заштита од КОВИД-19, а со цел на студентите да им се исплатат средствата неопходни за нивните секојдневни трошоци поврзани со образовниот процес.

Од 2012-та, АД ЕСМ секоја година распишува конкурс за стипендирање на 30 нови студенти од државните универзитети, со годишна стипендија од 60 илјади денари.

– На тој начин, како општествено одговорна компанија, АД ЕСМ помага во продуцирање кадар, особено од областа на електротехниката, машинството и информациските технологии, информира компанијата.