„АББА“ објави спот за „Chiquitita“


САД – Шведскиот легендарен бенд „АББА“ објави нов спот со стихови – за нивниот хит „Chiquitita“. Песната, инаку, е водечки сингл од албумот „Voulez-Vous“ од 1979 година и е една од најуспешните во историјата на бендот.

„Chiquitita“ е еден од ретките синглови на „АББА“ објавени без посебен видеоспот. За видеото е користена телевизиска верзија на песната, снимена од Би-би-си во Швајцарија, 1979 година. Во него бендот ја изведува песната на планинска падина со снешко во позадина.

„АББА“ неодамна повторно се обединија за да го издадат „Voyage“ – деветтиот студиски албум на бендот и прв по 40 години. Најавено е и ново концертно искуство – со нивните дигитални аватари, придружени од бенд во живо. Првиот концерт ќе се одржи на 27 мај.