АБА 2: Воведен пораз на МЗТ Скопје Аеродром, денеска стартуваат Пелистер и ТФТ Моцарт


Македонскиот кошаркарски првак МЗТ Скопје Аеродром со пораз синоќа ја почна новата сезона во АБА 2 лигата, во кој денеска своите воведни натпревари ќе ги одиграат битолски Пелистер и скопски ТФТ Моцарт.

Поуспешен од МЗТ Скопје, чиј амбиции се враќање по едногодишна пауза во елитната АБА лига, синоќа на отворањето на турнирот во Суботица беше дебитантот Цедевита Јуниор со 92-79.

Во рамки на денешната програма, кошаркарите на Пелистер од 15 часот ќе играат против словенечки Шенчур, додека ТФТ од 18 часот за противник го има босанскиот состав Широки.

Вкупно 14 екипи се дел од новата сезона во АБА 2 лигата во која пласман во плејофот ќе обезбедат првопласирани осум екипи.