АА: Владата на ВМРО-ВЛЕН губи 50 милиони евра од ЕУ


Фото: Б. Грданоски

Додека Албанија ги исполни утврдените цели и го отвори патот за 61 милион евра од Европската Унија, Владата на ВМРО-ВЛЕН ја пропушти можноста да ја повлече траншата од 50 милиони евра од макрофинансиската помош на ЕУ, се вели во соопштението на Алијансата за Албанците.

„Рокот за овие средства истече на 2 август 2026 година. Властите ниту поднесоа барање, ниту ги исполнија потребните услови.

Албанија спроведува реформи и обезбедува милиони.
Северна Македонија пропушта рокови и остава милиони неискористени како резултат на груевистичкиот менталитет на Мицкоски.

Во меѓувреме, ВЛЕН продолжува да зборува за „европска Влада“ и „европска интеграција“, додека како дел од Владата носи директна одговорност за овој неуспех.

Европа не се мери со изјави и фотографии во Брисел.
Таа се мери со спроведени реформи, почитувани рокови и конкретни резултати за граѓаните“, се вели во соопштеноето на АА.