Драма на „Боемска“: Мицкоски седел внатре во ресторан, инспекторите спречени да влезат


Вечерва се одвивала своевидна драма на „Боемска“ улица во Скопје, откако на пазарните инспектори не им било дозволено да влезат во затворениот дел на еден ресторан. Инспекторите забележале дека внатре има гости.

Инспекторите останаел два и пол часа пред објектот пред да им биде дозволен влезот во ресторанот и таму забележале дека кујната била полна со чинии, во корпата за отпадоци имало шишиња и било очигледно дека таму се служела храна. Внатре бил лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски со уште неколкумина.

Инспекторката Маја Продановска, во изјавата за медиумите рече дека прв пат досега во инспекциските надзори се соочиле со таков отпор од некој од рестораните. Продановска вели дека таа нема право да легитимира никој од граѓаните, само рече дека меѓу оние што излегле бил лидер на една политичка партија. Таа уште најави дека против сопственикот на ресторанот ќе биде поднесена кривична пријава затоа што не е дозволено во внатрешноста на објектот да се служи.

Надвор го забележале Ристо Ставревски, началник на скопската полиција кого го постави техничкиот министер за вантрешни работи, Наќе Чулев.

Во времето кога се одвивала драмата јавноста чекаше да види каков што ќе одлучи Владата околу полицискиот час за време на викендот, а беше најавена и прес-конференцијата на министерот за здравство Венко Филипче по драматичниот пораст на бројот на новите инфекции со корона висрусот.