Водасов од „ЕОС Матрикс“: „Вредноста почнува кога недвижноста одново добива економска функција“
Недвижностите во процесот на управување со побарувања сè почесто добиваат нова економска функција преку ангажирање специјализирани компании кои управуваат со нивниот развоен потенцијал. Нивното враќање во економските текови значи создавање услови за нови вработувања, генерирање на приходи и локален економски развој. Токму ова е најголемата вредност на овој тип на недвижнини со потенцијал за дополнителен развој или пренамена, кои привлекуваат внимание на инвеститорите во потрага по можности за создавање нова вредност и долгорочен развој.
Покрај локацијата и цената, инвеститорите сè повеќе ја анализираат идната намена на недвижноста, можностите за нејзина трансформација и долгорочната исплатливост на вложувањето.
Како компанија која во своето портфолио управува со обезбедени побарувања, продажба и повторно активирање на недвижности со различен развоен потенцијал, EOS Матрих во своето работење постојано се среќава со недвижности со недоволно искористен потенцијал. Директорот за правни работи и усогласеност во EOS Матрих Влатко Водасов објаснува дека потребата од специјализирана експертиза најјасно се препознава кога недвижноста ќе остане надвор од економските текови и ќе престане да создава вредност. Во такви околности, целта е трансформација на недвижноста во ресурс кој пак ќе генерира економска активност.
„Најуспешните инвестиции често започнуваат таму каде што другите гледаат неискористен простор. Пазарот на недвижности претставува динамична средина во која различни инвеститори препознаваат различни можности, но секое успешно вложување започнува со темелна анализа на потенцијалот, ризиците и перспективите за идниот развој на недвижноста, а особено многу внимание се посветува на уредни имотно – правни односи за недвижноста. Ние обезбедуваме правна сигурност и транспарентност во процесот, и помагаме недвижностите повторно да добијат економска функција. Се отвораат можности за нови инвестиции, деловна активност и нови работни места, што носи придобивки и за инвеститорите и за локалната заедница“, вели Влатко Водасов, директор за правни работи и усогласеност во EOS Матрих.
За Водасов вредноста почнува кога недвижноста одново добива економска функција, но во процесот значајна е правната сигурност на инвестицијата. Фокусот на EOS Матрих е да овозможи недвижностите повторно да станат дел од економските текови преку транспарентен процес на управување и продажба, уредни имотно-правни односи, комплетна документација и јасно дефиниран развоен потенцијал. Тоа на инвеститорите им овозможува побрза и попредвидлива реализација на нивните планови.
„Токму кај ваквите недвижности најдобро се гледа значењето на стручната процена. Зад секој објект стојат правни, технички и финансиски аспекти кои треба внимателно да се анализираат. Специјализираното знаење и професионалното советување им помагаат на инвеститорите реално да ги согледаат можностите, но и потенцијалните ризици поврзани со инвестицијата“, додава Водасов.
Патот од простор со неискористен потенцијал до успешна инвестиција бара внимателно планирање и јасна развојна визија. Водасов објаснува дека важен дел од процесот претставува и финансиската конструкција, особено кај проектите што предвидуваат реконструкција, доградба, адаптација или ставање на објектот во нова функција.
„Вистинската можност се препознава преку односот меѓу ризиците, потребните вложувања и потенцијалот за создавање нова вредност. Успешните инвестиции се резултат на добра подготовка, реални очекувања и јасно дефинирани цели. Значајна поддршка за овие проекти претставува можноста за bridge loans решенијата, кои им овозможуваат на инвеститорите поголема финансиска флексибилност и побрза реализација на проектите“, нагласува Водасов.
Според него во современиот инвестициски циклус, инвеститорите сè почесто бараат партнер кој може да обезбеди стручна поддршка низ сите фази на процесот, од почетната анализа и процена до реализацијата на инвестицијата. Токму затоа, правната сигурност, јасната документација и навременото идентификување на потенцијалните ризици стануваат значаен дел од секоја успешна инвестициска одлука.
„Секоја недвижност носи сопствен потенцијал. Нашата улога е да помогнеме тој потенцијал да биде правилно препознаен и развиен. Кога еден простор повторно станува дел од економските текови, не се создава вредност само за инвеститорот, туку и за локалната заедница, деловното опкружување и економијата во целина“, заклучува Водасов.