Претседателските избори во Турција ќе се одржат во 2028 година, Ердоган ќе бара уште еден мандат
Потпретседателот на Турција Џевдет Јилмаз денеска изјави дека претседателските избори ќе се одржат во 2028 година, но оти е можно да се одржат порано од првобитно планираниот термин во мај.
– Изборите ќе се одржат во 2028 година. Се разговара за тоа дали би можеле да се одржат еден или два месеца порано, наведе Јилмаз.
Тој истакна дека владејачката коалиција се договорила претседателот Тајип Реџеп Ердоган повторно да се кандидира.