Во Турција ќе се води истрага против шеф на тело за надзор на банките
Турскиот министер за финансии Мехмет Шимшек ги овласти обвинителите да покренат истрага против поранешниот шеф на банкарскиот надзорен орган и гувернер на централната банка, Сахап Кавчиоглу, поради сомневања за поврзаност со кризата на инвестициските фондови во Турција, јавија денеска турските медиуми.
Чавчиоглу поднесе оставка од функцијата шеф на регулаторот на банкарскиот сектор претходно овој месец откако обвинувањата се појавија во турските медиуми.
Кризата поврзана со инвестициските фондови, што избувна во септември, доведе до серија апсења, отпуштања и оставки.
Кавчиоглу негираше незаконско работење и ги отфрли обвинувањата во медиумите, вклучително и тврдењето дека бил поврзан со еден од притворените поранешни менаџери на фондови, кој се најде во центарот на кризата.