Во Собранието денеска се одржува едукативниот настан „Моите права, мојата иднина“ за детските права во дигиталниот свет
Во Собранието денеска ќе се одржи едукативен настан во организација на Парламентарниот институт, под мотото „Моите права, мојата иднина – детските права во дигиталниот свет“.
На настанот се предвидени поздравни обраќања од Драгана Бојковска, претседателка на Клубот за младински прашања и политики, како и од директорите на три основни училишта од Општина Илинден: ООУ „Ристо Крле“, ООУ „Гоце Делчев“ и ООУ „Браќа Миладиновци“.
Свое обраќање ќе има и претставник на УНИЦЕФ во Северна Македонија, по што ќе следува симулација на седница на Детскиот парламент.
Целта на настанот е да се подигне свеста кај децата за нивните права, да се поттикне дискусија за предизвиците и можностите што ги носи дигиталното опкружување, како и да се нагласи важноста на безбедното, одговорно и активно учество на децата во дигиталниот свет.