Пукање во средно училиште во Србија – ранети две хигиеничарки
Утрово, полицијата го блокираше Средното техничко училиште во Крагуевац и околината по пукањето во училиштето.
Според првите, непотврдени информации, ранети се две хигиеничарки, објавува nova.rs.
Според истите информации, помлад маж пукал со пушка, а двете ранети жени работат во училиштето. Министерството за внатрешни работи на Србија сè уште не даде коментар за пукањето.