Нема предвремени избори. На гласање ќе се оди во април 2028, вели Мицкоски


Фото: Б. Грданоски

 

Следните парламентарни избори ќе бидат во април 2028 година, а мојот мандат како претседател на Владата завршува за нешто повеќе од една година, изјави денеска премиерот Христијан Мицкоски одговарајќи на новинарско прашање дали најавената кампања на неговата партија е подготовка на предвремени избори. 

„Не можам во секоја изјава да ја коментирам опозицијата, оставам на нивните ставови, но добро е како политичка партија да излеземе пред граѓаните и да слушнеме што е тоа што недостига за да можеме во овој меѓупериод да се подобриме во нашите политики, а и дел да вклучиме во програмата за следните избори, кои ќе бидат во април 2028 година. На крајот на декември 2027 година ќе има избор на техничка влада, така што мојот мандат како претседател на Владата завршува за нешто повеќе од една година и еден месец“, изјави Мицкоски.  

ВМРО-ДПМНЕ вчера најави дека почнува активности на терен со посети на сите населени места за да се сретне со граѓаните.