Ајзенкот најави дека ќе прогласи коалиција во последен момент


Гади Ајзенкот

Лидерот на партијата „Јашар“, Гади Ајзенкот, кој го доби мандатот за состав на новата влада на Израел, најави дека планира во текот на наредните недели да соопшти оти успеал да состави владејачка коалиција и што поскоро да свика гласање за новата влада со цел да се намали притисокот што би можел да го осуети положувањето заклетва.

Израелскиот јавен сервис „Кан“, без наведување извори, јави дека Ајзенкот планира ненадејно да објави оти формирал коалиција и да распише гласање на пленарна седница на Кнесетот во рок од ден или два, за да го ограничи времето за политички маневри и пребегнувања, пренесува „Тајмс оф Израел“.

Ајзенкот претходно најави дека во секој случај ќе се обиде да именува нова влада и оти се надева дека дури и ако некој од неговите партнери не ја поддржи, нема да гласа против неа, што би довело до малцинска влада која би го поставила за премиер наместо Бенјамин Нетанјаху, дури и ако таа влада подоцна падне и земјата оди на повторени избори.

Тој доби ограничен простор за преговори за идната владејачка коалиција, бидејќи некои членови на неговиот блок јавно ја исклучија секоја потенцијална опција што ја има за коалиција.