Папа Лав Четиринаесетти: Никогаш порано не било толку очигледно дека војните не осиромашуваат
Папата Лав Четиринаесетти денеска истакна дека никогаш порано не било толку очигледно дека војните, покрај тоа што сеат смрт и уништување, го осиромашуваат и му штетат на светот.
Обраќајќи им се на верниците во Ватикан, тој се осврна на нападот врз верниците на Православната црква во Јордан, велејќи дека е близок до таа заедница и целата земја, која, како што рече, се карактеризира со мирен соживот и почитување меѓу различните религии, пренесува агенцијата AднКронос.
„Да продолжиме заедно да се молиме за мир“, посочи папата.
Тој, исто така, апелираше за прекин на непријателствата во Јемен и изрази загриженост за тешката ситуација во таа земја, пренесува Ватикан Њуз.
„Упатувам искрен апел за прекин на непријателствата и за гарантирање живот во мир за јеменскиот народ и сите народи во регионот“, додаде папата Лав Четиринаесетти.