СДСМ: Осудениот за петте тона кокаин со Мицкоски во Брвеница
-Еве го повторно со Мицкоски. Нова слика од вчера, додека Мицкоски дава изјава. Работи за ВМРО-ОКГ во Брвеница.
СДСМ објави цел албум фотографии со арамијата Мицкоски. Со години е во друштво на арамијата на обиколки по терен.Уапсен со поголема количина дрога, оружје, муниција и пари.Цела Македонија го видео како пука со калашников. Во друго видео како го цитира Шешељ пред руско знаме.ВМРО прво рече „само една фотографија“. Потоа излегоа повеќе слики и видеа. Од тогаш молк.Институциите молчат. Арамијата Мицкоски никогаш не одговори на прашањата.Сега истиот Симе е на слобода, го гледаме на нови слики со Мицкоски.Одговорност нема.
Симе беше уапсен во време кога 5 тони дрога поминаа од Македонија и беа запленети во Србија, кај сестринската СНС, во селото Коњух кај Крушевац. Очигледно Симе е пуштен да плаќа и да се заканува во Брвеница. Ова е враќање во времето на мракот на Груевски и Мијалков. Заштита на криминалци што работат за бандата. СДСМ бара обвинителството веднаш да испита зошто Симе не е во затвор?

Кој го пушти? Како е можно човек уапсен со дрога и оружје да работи за власта наместо да одговара?!, праша на прес-конференција портпаролката и членка на Извршниот одбор на СДСМ Богданка Кузеска.