Со дронови исцртан ликот на Гоце Делчев на небото над Скопје по повот 23 Октомври
Небото над Скопје вечерва беше осветлено со шоу со дронови на кое беше испишана пораката „Гоце е Македонија“.
Преку светлосни формации беа прикажани и ликот на Гоце Делчев, натписот „ВМРО“, како и симболот од македонското знаме.
– Честит Ден на македонската револуционерна борба! Небото свети Македонија. Неколку секунди македонска убавина и пораки. За многу години! – напиша Мицкоски во објавата.