Македонија никако да напредува во владеењето на правото, падна уште едно место на Индексот на ВЈП


 

Во новиот Индекс на владеење на правото за 2026 година на Светскиот проект за правда (ВЈП), Македонија го влоши својот вкупен резултат, најмногу во индикаторите за корупцијата во власта, парламентарната и судската контрола на извршната власт, времетраењето на судските постапки. Таа се наоѓа на 65. на Индексот со резултат од 0,54, а во 2025 беше на 64. место.

ВЈП го мери владеењето на правото во 143 земји. Во борбата против корупцијата Македонија има послаб резултат од вкупниот ранкин и е на 71. место. Во одделот за спроведување на прописите резултатот е уште послаб – 95. место, што е пад за шест места во однос на 2025.

Нема напредок ни во рубриките на кривична и граѓанска правда. Добри оценки има за фундаменталните права, за ограничувањата на владината моќ.

Иако е погоре на табелата за рабриката ред и безбедност (43. место), таа бележи постојан пад од 2022 година.

Пред Македонија на Индексот о регионот се Црна Гора и Косово. Албанија е на 91., а Србија на 95. место.