Дополнителни 40 милиони евра од ЕУ за зајакнување на воените капацитети на Македонија


Дополнителни 40 милиони евра за зајакнување на воените капацитети на Македонија, најавува евроамбасадорот Михалис Рокас.

Тој денеска посочи дека преку Европскиот мировен инструмент за земјава се издвоени речиси 65 милиони евра, а се очекува наскоро да се обезбедат дополнителни 40 милиони евра.

Затоа сакаме да понудиме одговор и во сферата на безбедноста. Токму затоа, преку Европскиот мировен инструмент издвоивме речиси 65 милиони евра за Северна Македонија. Се надеваме дека наскоро ќе успееме да обезбедиме дополнителни 40 милиони евра за зајакнување на воените капацитети на земјата и, како членка на НАТО, за унапредување на нашата безбедност, рече Рокас.

Нагласи дека ЕУ е силно посветена на тоа Северна Македонија што е можно поскоро да стане членка на Унијата, оценувајќи дека регионалната поврзаност и зајакнувањето на отпорноста се особено важни во актуелната геополитичка реалност.