Скопјанката за која Митески објави дека создава депонија ќе тужи: „Легално е пријавено и платено во Општината“
Градоначалникот на Општина Аеродром, Дејан Митески вчера во објава на Фејсбук сподели фотографија од жена која одложува стар мебел во непосредна близина на контејнери, посочувајќи дека создава нова дива депонија.
Притоа, тој оцени дека не станува збор за невнимание, туку за неодговорност.
Од друга страна, на социјалните мрежи кружи „скриншот“ од наводен коментар, којшто пак, повеќе не може да се најде под објавата, а наводно го оставила токму граѓанката од фотографиите кои ги објави Митески.
Имено, таа има сосема спортивно тврдење од градоначалникот, наведувајќи дека легално го пријавила одложувањето и го пријавила за подигање во текот на денешниот ден.
Од него, скопјанката побара јавно извинување и најави тужба за клевета.
„Господине, еве јас сум личноста на сликата, Елена Рускова. Да ви кажам дека легално е пријавено во Општина Аеродром и платено за подигање на 22.10.2026. А вие господине Дејан Митески сега чекајте ја мојата тужба за клевета и јавна бламажа. Очекувам брзо да си проверите во Општина и инспекција дека сум регуларна. И притоа очекувам јавно извинување“, се вели во коментарот на скопјанката Елена.
