Позитива на денот: Професорка им предава на студентите во двор под есенското сонце (видео)


Многу професори имаат завидно знаење, но ретки се оние кои умеат да го пренесат тоа знаење на другите.

За тоа е потребно талент, идеја и желба да се поврзете со оние на кои им предавате.

И една таква професорка, која преку интерактивност, но и излегување од рамките на класичното и правење предавањата да бидат пред сè уживање, постои на Филолошкиот факултет во Скопје.

На Инстаграм профилот „Студентарија“ осамна видео како таа ги изнела студентите во дворот од факултетот за да им предава на сонце.

Јас да сум студент со задоволство би била дел од ваков тип на предавање, а вие?

Во описот на видеото стои:
„Кога имаш Gen Z професорка и предавањето се сели на сонце.

Кој рече дека предавањата мора да имаат четири ѕида?

Учење под есенското сонце на Филолошкиот факултет (Англиски јазик, трета година, Преведување и толкување)“.

Дел од пофалните коментари под видеото:
„Сакам пак на факултет само за таа да ми е професорка“.

„Секоја чест! Браво, и авторитет и професорка и другар… Реткост во денешно време“.

„Со брилијантниот проф. Горан Стефановски анализиравме песни во едно кафуле во Турската чаршија во 80-тите (Катедрата за англиски јазик)“.

 
 
 
 
 
View this post on Instagram
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 

A post shared by Студентарија (@studentarijamk)