Џуди Денч за губењето на видот: Повеќе не можам да глумам во претстави, да снимам филмови или да читам
Британската актерка Дама Џуди Денч (91) откри дека поради болест на очите не можела да настапува на сцена, да снима филмови или да чита, повеќе од една деценија откако ѝ била дијагностицирана болеста.
Во неодамнешно интервју за емисијата „Today“ на BBC Radio 4, таа призна дека нејзината актерска кариера е завршена.
„Не можам да бидам на сцена. Повеќе не можам да глумам во претстави. Повеќе не можам да снимам филмови. Повеќе не можам да читам“, изјави 91-годишната актерка за утринската емисија „Today“ на BBC Radio 4, Ема Барнет.
Џуди Денч страда од макуларна дегенерација поврзана со возраста. ѝ била дијагностицирана болеста на очите, која го уништува централниот вид, во 2012 година. Денес, таа има и тешкотии со препознавањето лица.
Се пошегува дека поради ова, понекогаш им приоѓа на погрешни луѓе и „речиси ги прегрнува“, пред да сфати дека се странци.
Кога ја прашале дали стареењето има некакви предности, таа одговорила дека нема ништо добро во тоа и дека не размислува премногу за тоа.
Актерката разговарала со Би-Би-Си по повод објавувањето на нејзината книга „Дали е премногу доцна да се трча по него?“, која ја напишала со театарскиот режисер и близок пријател Брендан О’Хи.
Тој отворено зборува за губењето на видот со години. Уште во 2023 година, таа рекла дека учењето на текстот станало невозможно за неа, а минатата година, во интервју со нејзиниот колега Иан МекКелен, признала дека повеќе не ги препознава луѓето и не може да гледа телевизија.
Седум децении кариера
Џуди Денч е една од најпочитуваните британски актерки, со кариера што се протега повеќе од седум децении во театарот, телевизијата и филмот. Таа го освои Оскарот за најдобра споредна женска улога во 1999 година за улогата на кралицата Елизабета I во филмот „Вљубениот Шекспир“.
Таа е позната и на пошироката публика како М, шефицата на Џејмс Бонд. Таа ја играше таа улога за прв пат во филмот „Златно око“ во 1995 година, како прва жена во таа улога.