Лејкерси го победија Голден Стејт, Дончиќ постигна 28 поени


Лос Анџелес лејкерс со победа над Голден Стејт вориорс ја почна новата сезона во НБА-лигата. Натпреварот одигран утрово во „Crypto.com Arena“ во Лос Анџелес заврши со резултат 127:105.

Најдобар на теренот беше Лука Дончиќ со 28 поени. Во поразениот тим се истакна Стеф Кари со 23 поени.

Резултати на другите натпревари од НБА-лигата играни ноќта среда кон четврток

Орландо – Атланта 125:132
Вашингтон – Милвоки 128:116
Бруклин – Шарлот 103:110
Мајами – Минесота 106:131
Торонто – Чикаго 135:92
Мемфис – Јута 123:103
Њу Орлеанс – Индијана 120:123
Хјустон – Далас 128:110
Портланд – Феникс 124:83
Ла Клиперс – Сакраменто 121:96.