Дел од Скопје без струја поради зафати на електродистрибутивната мрежа


Фото: Б. Грданоски

Дел од корисниците во општините Чаир, Кисела Вода и Бутел, како и во дел од село Пакошево во Општина Зелениково денеска ќе останат без електрична енергија поради планирани зафати и реконструкција на електродистрибутивната мрежа, информираат од Регионалниот центар за управување со кризи, повикувајќи се на известување од ЕВН Македонија АД.

Во периодот од 08:00 до 11:30 часот без струја ќе бидат дел од корисниците на улиците „Славеј Планина“, „Прохор Пчински“ и „Јоаким Крчовски“ во Општина Чаир.

Од 09:00 до 14:00 часот, поради реконструкција на нисконапонската мрежа на улицата „Ѓорѓи Капчев“ бр. 31, без напојување ќе бидат корисниците на оваа улица, како и на улиците „Ристо Аврамовски“ и „Димитар Солев“.

Во периодот од 09:00 до 12:00 часот без електрична енергија ќе бидат фирмата СТХ ДОО Скопје, во кругот на Стаклара, и дел од околните објекти во Општина Кисела Вода.

Од 09:00 до 13:00 часот прекин во снабдувањето со електрична енергија ќе имаат дел од корисниците на улицата „Боро Кралевски“ во населбата Радишани, во Општина Бутел.

Во периодот од 10:00 до 15:00 часот, поради технички зафат на електродистрибутивната мрежа, без струја ќе остане и дел од село Пакошево во Општина Зелениково.