Тројца повредени во синоќешната сообраќајка кај мостот „Беласица“


Фото: Независен

Тројца лица се здобиле со телесни повреди во сообраќајна несреќа што се случи синоќа на улицата „Беласица“ во Скопје.

Според информациите од МВР, несреќата била пријавена, околу 20:50 часот, кај крстосницата со улицата „Ѓуро Ѓоновиќ“, во правец кон трговскиот центар „Ист гејт“.

Во несреќата учествувале патничко возило „мерцедес“, управувано од 37-годишниот М.П. од Скопје, и автомобил „ауди“, зад чиј волан бил 21-годишниот О.Ц., исто така од Скопје.

Од судирот, двајцата возачи и еден сопатник се здобиле со телесни повреди. Увид на местото на несреќата извршила екипа на СВР Скопје. 

Тешка сообраќајка вечерва пред мостот „Беласица“ (фото)