Герасимовски: Катастрофална е состојбата во државата – граѓаните се незадоволни, но сè уште не излегуваат на улица


Фото: Б. Грданоски

Градоначалникот на Општина Центар и потпретседател на СДСМ, Горан Герасимовски, упати остри критики кон актуелната власт, оценувајќи дека економската состојба во државата е катастрофална, а незадоволството кај граѓаните постојано расте.

Во гостувањето во емисијата „Ноќно студио“ на 4ТВ, Герасимовски посочи дека незадоволството е присутно кај различни категории граѓани, од вработените во администрацијата, преку земјоделците, до бизнис-секторот, објави 4news.mk

„Катастрофално е ова што се случува во државата, особено во делот на економијата. Гледаме незадоволна администрација, незадоволни земјоделци, незадоволни бизнисмени, но сè уште никој не собрал храброст да излезе на улица и да го искаже својот револт“, изјави Герасимовски.

Според него, за незадоволството да прерасне во посилна политичка реакција, неопходно е обединување на опозицијата и создавање стабилен опозициски блок.