Туристички автобус се судри со камион, 13 лица загинаа (видео)
Тринаесет лица загинаа, а 34 се повредени откако тежок товарен камион се судри со туристички автобус западно од египетската престолнина Каиро, објавија државните медиуми.
Египетскиот весник „Ал Ахрам“ објави дека судирот меѓу автобусот и камионот се случил на патот Каиро–Асиут, во областа на Западната Пустина.
Повредените лица веднаш се пренесени на лекување во болницата во Гиза, додава весникот.