Саудиска Арабија ја одложи големата инвестициска конференција „Давос во пустината“ по нападите на Хутите


 Саудиска Арабија ја одложи својата голема годишна конференција за инвеститори, честопати наречена „Давос во пустината“, за 2027 година поради ескалацијата на нападите со ракети и беспилотни летала што ги започнаа јеменските бунтовници Хути против кралството во последните недели, објави Си-ен-би-си (CNBC).

Конференцијата „Иницијатива за идни инвестиции“ првично беше закажана за 26-29 октомври во саудискиот главен град Ријад.

Хутите го нападнаа меѓународниот аеродром „Крал Халид“ во Ријад на 10 октомври, при што загинаа најмалку 12 лица, а повеќе од 300 беа повредени.

Организаторите на конференцијата во електронска пошта изјавија дека наскоро ќе објават нови датуми за настанот. Меѓу говорниците што се очекуваат на конференцијата се некои од најголемите имиња во светот на бизнисот и финансиите. Меѓу нив се Џејми Дајмон, шефот на „Џи-Пи- Морган Чејс“ (ЈPMorgan Chase), Дејвид Соломон од „Голдман Сакс“ (Goldman Sachs), Стивен Шварцман од „Блекстоун“ (Blackstone), Лари Финк од „БлекРок“ (BlackRock) и Џејн Фрејзер од „Ситигруп“ (Citigroup), меѓу другите.

Суверениот фонд за богатство на Саудиска Арабија ја започна Иницијативата за идни инвестиции во 2017 година. Конференцијата игра клучна улога во плановите на Ријад за диверзификација на својата економија, која во моментов е во голема мера зависна од нафтата. Престолонаследникот Мохамед бин Салман го претстави амбициозниот мегапроект NEOM на првата конференција во 2017 година.

Хутите започнаа серија ракени и беспилотни напади врз Саудиска Арабија по нападот на аеродромот претходно овој месец.