СДСМ: Што се случи по 5-те тони марихуана запленети преку граница?


Месеци поминаа. Нема ниту збор. Ниту име. Ниту одговор а нема ниту одговорни, реагира СДСМ на молкот од власта за запленетите пет тони марихуана кои поминаа преку граница, од Македонија, преку Табановце, и завршија во селото Коњух кај Крушевац, кај сестринската СНС.

-Во Србија, менторот Вучиќ, по заплената, смени 15 полициски раководители. Началникот на службата за борба против дрога преместен. Заменик исто. Полицајци пишуваат дека службата се уништува од следниот ден по заплената. Притисоци. Прераспоредувања.Во Македонија ништо. Тошковски единствено се занимаваше со хиперхлорирање. Нема одговор како поминаа 5 тони покрај Safe City, покрај полиција, покрај царина. 

Член на ВМРО-ОКГ, пријател на Мицкоски, Симе, кој беше уапсен со голема сума пари, оружје и дрога, по заплената на петте тони е пуштен на слобода. Симе, човекот со криминално досие на фотографии со Мицкоски, кој пука со калашников и го цитира Шешељ со руско знаме во позадина, не е во затвор, туку, според наводите, купува гласови во Брвеница и им се заканува на граѓаните.

Арамијата заплени „100 тони“ пред камери и зборува за „марихуана економија“ што ја нема. А 5 тони што поминаа преку граница кон сестринската СНС остануваат без име, без одговорност. Филмски акции за медиуми. Молк за реалниот товар и скандал.

СДСМ бара одговор. Кој ја пушти дрогата преку границата? Кој ја заштити мрежата? Зошто арамијата зборува за марихуана економија кога неговата банда ја држи границата отворена за сестринската СНС? Затоа организираната криминална група ВМРО и арамијата Мицкоски не сакаат во ЕУ. Обврска на кандидатите е соработка со европското обвинителство. Затоа намерни конфликти. Затоа организирана анти-ЕУ пропаганда, порачуваат од СДСМ.