Алберта гласаше за останување во составот на Канада


Жителите на Алберта гласаа за останување во составот на Канада на првиот референдум за одвојување во историјата на регионот, јави доцна синоќа Си-би-си њуз.

Медиумот коментира дека ова е важна победа за премиерот Марк Карни, кој се обидува да ја обедини земјата во услови на актуелната трговска војна со Соединетите Американски Држави.

Референдумот не беше правно обврзувачки, а жителите одговараа на прашањето дали сакаат да останат дел од Канада или да иницираат законска постапка потребна за распишување обврзувачки референдум за отцепување.

Анкетарите и аналитичарите повеќепати ја отфрлаа можноста за победа на заговорниците за отцепување, повикувајќи се на податоци што покажуваат дека приближно една третина од жителите на таа западна канадска покраина поддржуваа одржување иден референдум за нејзино излегување од составот на Канада.