„Лефти и Рајти си најдоа дом“ со втор термин на премиерниот ден в сабота во МНТ
Поради големиот интерес за премиерата на краткиот анимиран филм за деца „Лефти и Рајти си најдоа дом“, 28. ноември (сабота) е прогласен за премиерен ден со нов, втор термин, во 17:00 часот, на големата сцена на Македонскиот народен театар (МНТ).
Целата програма ќе трае 45 минути и е замислена како мултимедијално искуство, кое ги спојува филмот, театарот и музиката во една приказна. Режијата наовој мини мјузикл, кој ќе се одвива по завршувањето на краткиот филм ја потпишува Бојан Трифуновски.
Музичката подлога на овој перформанс подразбира оригинални нумери, но во колажот влегуваат и популарната песна на Калиопи “Обои ме”, како и еден препев од легендарната Доли Партон.
“Наскоро планираме промоција на оригиналната песна „Копче по копче“, која јавноста ќе ја слушне пред премиерата“, додадоа од зАнимацијапродукција.
Билетите за вториот термин во 17:00 часот се во продажба на:
хттпс://њњњ.карти.цом.мк/лефти-и-рајти-си-најдоа-дом-македонски-анимиран-филм-17.нспџ