Фотографијата која покажува како пука балонот на Трамп
Додека демократите се на пат повторно да го освојат Конгресопт, во Белата куќа трае жестока битка за превласт. Само незаситната глад на Трамп за ласкање останува иста
Понекогаш една единствена искрена фотографија ја доловува суштината на претседателствувањето и портретот на цела ера подобро од стотици анализи, пишува Морин Дауд, долгогодишна колумнистка за „Њујорк тајмс“.
Тоа се случи кога Линдон Џонсон ги повлече ушите на своето куче пред камерите во знак на сурова доминација, или кога на Џорџ В. Буш му шепнаа среде читање сликовница во Флорида дека вториот авион го удрил Светскиот трговски центар.
Сега таков момент е рекреиран благодарение на фотографот Даг Милс, кој го фотографираше Доналд Трамп на хеликоптерот „Марин уан“, придружуван од две русокоси помошнички – неговата нова, несмасна секретарка за печат Кејти Закарија и неговата асистентка Натали Харп.
Иако е направена од далечина со телефото објектив, фотографијата зрачи со зачудувачка интимност. На неа, Трамп се наведнува кон две помошнички кои изгледаат како клонови на неговата ќерка Иванка, додека го гледаат со нескриено, речиси побожно восхитување и широки насмевки.
За Морин Дауд, сликата е совршена претстава за незаситната глад на Трамп за ласкање – потреба што ја доведе земјата до нејзината сегашна криза. Додека неговата јавна поддршка неповратно се намалува, а уморните и огорчени гласачи им го вртат грбот на неговите политики, Трамп френетично бара одраз на слепа лојалност во хеликоптер.
Глетката на маринците како стојат покрај отворената врата на хеликоптерот создава впечаток дека ѕиркаат во херметички затворен меур. Дауд забележува како светот на Трамп во Белата куќа се намалува и станува сè попараноичен.
Клучните улоги во неа ги окупираат послушниците одговорни за одржување на неговата паралелна реалност: Закарија, кој се покажа како целосно несоодветена за улогата на портпарол, и Натали Харп, позната по прекарот „човечки принтер“, која трча по Трамп насекаде со преносен печатач и му дава позитивни исечоци од весници за да ги потврди неговите лаги и заблуди.
Во аголот на фотографијата, речиси целосно исечена од рамката, седи шефицата на кабинетот Сузи Вајлс – се гледаат само нејзините нозе во црвени панталони и чанта „Луј Витон“ во скутот. Дауд го гледа овој детаљ како исклучително елоквентен симбол: Вајлс, искусен оперативец, долго и безуспешно се обидуваше да го ограничи влијанието на младите подлизурковци и да спречи Закарија да биде назначена за шеф на прес-службата.
Но, оваа очигледна хармонија во хеликоптерот не траеше. Само неколку дена откако беше направена фотографијата, Трамп веќе почна да ја брка Закарија од Белата куќа, сфаќајќи дека таа му прави повеќе штета отколку корист.
Пред да биде отпуштена, Закарија доживеа целосен дебакл. На нејзината прва прес-конференција, таа едвај успеа да одговори на три прашања, а наскоро беше откриено дека дури и не го положила правосудниот испит, иако Трамп јавно ја пофали како адвокат. Кога дури и наклонетиот водител Шон Ханити на Фокс њуз ја соочи со нејзините лаги, беше јасно дека нејзините внатрепартиски противници во Вашингтон ја изневериле.
Зад сцената, истакнува Дауд, беснее безмилосна војна за превласт. Харп му ги става под нос на Трамп медиумските извештаи за лобирањето на ќерката на Вајлс во Република Српска, што го разгневи претседателот. Но, Трамп не е загрижен за корупцијата сама по себе; во негови очи, правото да монетизира политичко влијание и да склучува профитабилни зделки му припаѓа исклучиво нему и на членовите на неговото семејство. Оваа недела разоткри цела лавина скандали во потесниот круг на Трамп. Кимберли Гилфојл мораше да поднесе оставка од функцијата амбасадор во Грција откако беше откриено дека побарала од донатор да ѝ ја плати сметката од картичката „Американ експрес“ од 100.000 долари, луѓе блиски до претседателот се обвинуваат меѓусебно за исчезнувањето на милиони донации, а министерот за одбрана Пит Хегсет мораше да се откаже од бизарната идеја за емитување во живо на воена егзекуција.