ФМУ – Скопје со концерт на Катедрата за популарни жанрови одбележува 60 години постоење


По повод одбележувањето на 60-годишниот јубилеј на Факултетот за музичка уметност – Скопје, вечер, во 19, 30 часот ќе се одржи концерт посветен на Катедрата за популарни жанрови, во рамки на концертната серија под мотото „Една сцена, шест децении музика“.

На сцената ќе се обединат професори, алумни и дипломирани студенти на Факултетот, кои преку заеднички настап ќе ја претстават креативноста, енергијата и разновидноста на популарните музички жанрови.

Концертот е посветен на шест децении работа, творештво и посветеност на музичката уметност, како и на уметничкото наследство што Факултетот за музичка уметност го гради низ годините.

Настанот се реализира со поддршка на Министерството за култура и туризам, а под покровителство на претседателката на државата, проф. д-р Гордана Сиљановска-Давкова.