ДУИ презадоволна од резултатот во Брвеница
Опозициската ДУИ го поздравува резултатот постигнат од кандидатот на Националната алијанса за интеграција, Аркин Јахији, на изборите за градоначалник на Општина Брвеница.
Во соопштението од партијата се вели дека „пласманот во вториот круг е доказ за поддршката од граѓаните и за важноста на континуираниот ангажман за достоинствено претставување, локален развој и институции што им служат на сите граѓани, без разлика на нивната припадност“.
Од ДУИ додаваат дека на На Брвеница ѝ е потребна општина во која гласот на секој граѓанин ќе биде слушнат, во која инвестициите и услугите ќе се распределуваат рамноправно и во која соживотот ќе се гради врз основа на почитување и еднаквост.