Промоција на книгата „Венец за Искра“ од Милан Јазбец во КИЦ Скопје
Во Културно-информативниот центар – Скопје, вечер, во 19 часот, ќе биде промовирана книгата „Венец за Искра – Venec za Iskro“ од словенечкиот дипломат, универзитетски професор, писател и поет Милан Јазбец.
Станува збор за двојазична словенечко-македонска стихозбирка, посветена на Искра Чоловиќ (1960–2023), доајен на македонското радио-спикерство, новинар, публицист и личност препознатлива по својата харизма, ведрина и професионален придонес во македонскиот медиумски простор.
„Венец за Искра – Venec za Iskro“ е уникатна поетска приказна за жената, која со својот уникатен стил и постигнувања го збогати македонскиот медиумски радиски простор, интонирајќи го со својот извонреден автентичен спикерски потенцијал и дефинирајќи го со својата врвна уметничка умешност, со што постави високи стандарди на македонскиот радиски журнализам.
Книгата првично беше објавена во Словенија во април 2026 година, во издание на „Културни центер – Марибор“, додека македонското издание, во издание на „Студентски сервис“ од Скопје, излезе кон крајот на август годинава.
Промотори на книгата ќе бидат проф. д-р Елена Јованова – Грујовска, проф. д-р Димитар Пандев, проф. д-р Славчо Ковилоски и проф. д-р Александар Сандевски. Модератор на настанот ќе биде Часлав Митрички.
Проф. д-р Милан Јазбец е амбасадор и редовен професор по дипломатија, писател и поет, воедно ѝ припаѓа на првата генерација на словенечките дипломати, вработен е во Министерството за надворешни и европски работи на Република Словенија. Бил како шести словенечки амбасадор во Северна Македонија (2016-2020) и четврти во Турција (2010-2015), нерезидентно акредитиран во Азербејџан, Ирак, Иран, Либан и Сирија и државен секретар во Министерството за одбрана (2000-2004). Како дипломат тој работел во 21 држава.
Покрај дипломатската работа, тој е универзитетски професор по дипломатија и автор на повеќе од 100 книги, како и на над 150 научни и стручни трудови објавени на 18 јазици.