Публиката (пак) ги пееше песните на Калиопи како сопствени животни приказни (фото)
Да се наполни арена како „Борис Трајковски“ е успех. Да се крене цела арена на нозе е нешто друго. А да се има публика која со децении ги пее твоите песни како сопствени животни приказни, е тоа веќе е големина што не се купува, не се создава со маркетинг и не се случува случајно.

Тоа е Калиопи.

И најголемата потврда за нејзината големина беше фактот дека по половина век, Калиопи и понатаму ја има истата моќ, да воодушеви, да расплаче, да обедини и да потсети зошто некои наслови на песни не се само дел од музичката сцена, туку дел од музичката историја.

И ако некому сè уште му требаше потврда зошто Калиопи е една и единствена, викендов ја доби со концертот, во организација на „Прагма продукција“. Имаше ѕвездено небо, балони, светлосни ефекти како вистинска прослава на добрата музика.

И тоа на начин на кој само таа знае.

Калиопи, благодариме за секоја емоција и за привилегијата да бидеме дел и од оваа приказна. (Л.С.)
Фото: Стефан Самандов





