„Што ќе работам?“, настан посветен на кариерната инспирација, претприемништвото и професионалното насочување на младите


Агенцијата за иновации, научно-технолошки развој и претприемништво – ИНОВА денеска организира настан „Што ќе работам?“, посветен на кариерната инспирација, претприемништвото и професионалното насочување на младите. Воведно обраќање ќе има министерката за образование и наука, Весна Јаневска.

Настанот го организира Агенцијата за иновации, научно-технолошки развој и претприемништво – ИНОВА и има за цел да им овозможи на средношколците одблизу да се запознаат со реалниот деловен свет, современите професии, можностите за развој на сопствен бизнис и вештините што се потребни за успех во динамичното деловно опкружување

Целта на настанот е да им овозможи на средношколците одблизу да се запознаат со реалниот деловен свет, современите професии, можностите за започнување сопствен бизнис и вештините потребни за успех во динамичното деловно опкружување.

Преку средба со претставници на академската заедница, институциите и бизнис-секторот, младите ќе имаат можност да слушнат искуства од различни професионални области, да добијат насоки за своите идни кариерни избори и да откријат нови можности за личен и професионален развој.

Организаторите на настанот најавуваат дека на него, меѓудругите, ќе учествуваат Весна Јаневска, министерка за образование и наука Даниела Димовска, директорка на ИНОВА, Александра Јанеска Илиев, Економски факултет – УКИМ и Димитар Јовевски, Економски факултет – УКИМ.