Во вториот круг во Брвеница одат кандидатите на ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ
По сите изброените гласови од 24-те избирачки места (15 од 24) во општината Брвеница ќе има и втор круг за две недели.
Според резултатите објавени од ДИК во вториот круг ќе одат кандидатите на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата околу ДУИ.
На прво место е Стојанчо Радичевски од ВМРО ДПМНЕ со 38,9 отсто од гласовите, а на второ Аркин Јахиј од Националната алијанса за интеграција со 28,4 проценти. Во гласови – за Радичевски се определиле 2.943 а за Јахиј 2.52 гласачи.
Зад нив е Јакуп Хусеини од Влен со проценти, на трето кандидатот на Влен, Јакуп Хусеини, со 20,2 отсто (1.528 гласови), додека на четврто место е кандидатот на коалицијата на СДСМ, со 9,3 проценти (706 гласови).
Останатите двајца кандидати, независните Душан Богдановски и Арифе Идризи, освоија занемарлив број на гласови.
Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, на прес-конференција истакна дека е многу задоволен што нивниот кандидат го победил кандидатот на СДСМ со 4 спрема 1. „Тоа е важна порака од граѓаните до нивното раководство“.
„Демократијата подразбира натпревар на различни идеи, програми и кандидати. Но, кога ќе заврши гласањето, останува една обврска која важи за сите: да се почитува волјата на граѓаните“, рече Мицкоски.