Рама не поднесува оставка и обвинува: „Странска рака“ ги организира протестите


 

Албанскиот премиер Еди Рама во денешното утринско обраќање рече дека „странска рака“ била вмешана во проестите во државата заедно со криминални структури. И објави дека нема намера да поднесе оставка.

Протестите во сите поголеми градови во Албанија, кои станаа на и насилни, ја доведоа до работ на опастанок неговата влада. Протестите беа поттикнати од студентите, на кои потоа им се придружија и средношколците. Тие се надоврзаа на повеќемесечната „Фламинго“ револуција.

Рама ги опиша студентите што протестираат на булеварот како заложници на група маскирани лица кои, според него, користат и малолетници.

Рама го поврза протестот во Албанија со бран демонстрации во други земји, тврдејќи дека црпи инспирација од нив.

Во оваа споредба, тој ги спомена Париз, Рим, Милано, Торино, Португалија и Бразил. Тој ги окарактеризира некои од студентите-учесници како радикализирани и под влијание на екстремистички идеи.

Според премиерот, протестот во Албанија има и политички аспект: се одржува во време кога земјата се стреми кон членство во Европската унија до 2030 година.

Тој тврди дека зад него стои обид да се спречи земјата во историски момент за нејзиното европско патување.

„Кога е поблиску од кога било до историскиот сон, доаѓа оваа застрашувачка чума, целосно инсценирана“, изјави Рама.

Премиерот призна дека младите луѓе се незадоволни и бараат промени, но тој го оддели ова од постапките на оние што ги обвини за насилство.

„Да, младите се фрустрирани и лути. Да, студентите сакаат повеќе, тие сакаат промени“, рече тој.

„Тие отсекогаш го сакале тоа и секогаш ќе го сакаат, бидејќи тоа е во нивната природа“, додаде Рама.

Рама тврди дека малолетниците се користат како штитови за да се спротивстават на полицијата, ограничувајќи ја нејзината способност да интервенира насилно.

Тој ги придружи овие тврдења со обвинувања за вмешаност во криминал и странско влијание. Тој не прецизираше на кого му ја припишува странската интервенција.

„Таму е вмешан криминал. Има странска рака“, изјави Рама.