Од полноќ, предизборен молк во Брвеница


Фото: Б. Грданоски

Ноќеска на полноќ започнува изборниот молк на вонредните локални избори во Брвеница за избор на градоначалник на општината.

Во недела жителите на 10 населени места во општината од 7 до 19 часот кога се затвораат избирачките места може да гласаат за еден од шестмината кандидати за градоначалник.

Во трка за градоначалничката позиција се Стојанчо Радичевски од ВМРО-ДПМНЕ, Јовица Радевски кандидат на СДСМ, Јакуп Хусеини од ВРЕДИ, Аркин Јахии кандидат на коалицијата Национална алијанса за интеграција и независните кандидати Душан Богдановски и Арифе Идризи.